Пожарот во Кочани ја покажа целата неспособност и беда на власта на Заев, да бевме нормална држава утрово ќе имаше дузина оставки од функционери, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинуваат за катастрофална реакција на надлежните институциите поради што биле загрозени имотите и животите на граѓаните.

-Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Мизерија и тотална неспособност. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожар, но биле одбивани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.