Првиот вицепремиер Артан Груби заедно со владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев беше на Пелинце на одбележувањето на големиот државен празник Илинден. Тој испрати честитка со порака за подобро утре.

 

Од Крушево па се до Охрид, напорите за слобода и еднаквост се соочуваа со безброј предизвици низ децении, системи и власти.

Но идејата на којa и дојдено времето и волјата на граѓаните за да живеат слободни и еднакви не може да ја спречи ниедна власт.

Кога Албанците, Македонците и другите се здружени, им пркосат на препреките и ги отвараат перспективите за идните генерации да живеат во мир, слобода, демократија и во пријателство со другите народи.

Токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас.

Само заедно сме посилни, подобри, затоа, Честит празник на сите граѓани на нашата земја, порача Груби.