На 6. август претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише изборите.

Ова тој го кажа на брифингот со новинарите откако претходно беше познато дека партиите се договорија и ги усогласија ставовите изборите да се одржат на 17. октомври.

Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години, кажа Џафери.

Избори на 17. октомври ќе има и во Косово.