Тој денеска треба да биде предаден на затворски надзорник, потврдуваат од полицијата во Хрватска.
„Откако во текот на претпладнето ќе го предадеме на притворски надзорник. дополнително ќе биде приведен и во Државното обвинителство на прво испитува. Државното обвинителство потоа ќе донесе одлука за текот на понатамошната постапка, односно за тоа дали возачот ќе го задржат во притвор или ќе го пуштат на слобода“, вели портпаролот на полицијата.
Возачот е осомничен за казнено дело „предизвикување на сообраќајна незгода во патниот сообраќај“, за што следува казна затвор до 15 години.
При првичното испитување, возачот рекол дека на момент задремал, а некои медиуми јавија дека половина час пред тоа, правеле пауза, при што возачите се смениле.
Имено, автобусот на „Дева турс“, патувал од Франкфурт кон Приштина, а во него имаше 69 луѓе, од кои 67 патници, и двајца возачи. Едниот возач загина, како и деветмина од патиницте, а повредените дел се во болница, дел се на домашно лекување.