Набавката на неколку тротинети за вработените во Министерството за Надворешни Работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дебар, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.

Ова стои во реакцијата на Алијанса за Албанците, откако министерот за надворешни работи од редовите на ДУИ, се пофали дека набавиле електрични тротинети и велосипеди за вработените во МНР, како дел од новата „зелена дипломатија“.

Османи порача дека со овие тротинети вработените ќе одат на работа и како министерство ќе покажат и дадат придонес во зачувувањето на животната средина.