Претседателот на Србија Александар Вучиќ во едно интервју за тамошните медиуми се испофали дека сите фабрики кои се новоотворени во Србија тој ги донел. Како што вели тој, сега Србија е лидер по странски инвестиции во регионот.

Вели дека дури 62 отсто од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија. Но, како што вели Груевски го мачел и дека цела година барал тактика, како да ги преземе инвеститорите од Македонија.

-Нè мачеше Груевски. Година и пол барав тактика за нив. Нè мачеше зашто имаше добра политика за привлекување странски инвестиции. И цела година лутавме како да направиме подобра програма и најдовме и сите инвеститори им ги презедовме. Сега веќе никој ништо не зема“, рече Вучиќ.