Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 10 оздравени пациенти, а во изминатото деноноќие нема ниту еден смртен случај. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 292.