Во скопската населба Дебар Маало доцна синоќа паднало дрво врз автомобил, а воедно според порталот „360 степени“ повредило и дете. За среќа, како што изјавил градоначалникот на општина Центар за овој портал, Саша Богдановиќ, детето било полесно повредено, односно имало само изгребаници.
– Дрвото паднало само од себе. Со зелени гранки било, но исушени корени, без корени, изјавил Богдановиќ за „360 степеени“.