Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори, напиша Заев на социјалните мрежи веднаш по средбата со Ахмети.

Како што вели лидерот на СДСМ, заедничка е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

-Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори, вели Заев.