фото/архива

Американската амбасадорска Кејт Мери Брнс преку твитер налогот соопшти дека се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што вели таа на средбата го информирала Мицкоски за наредбите на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан. Во рамките на овие наредни е и наредбата поврзана за Преспанскиот договор, односно ставање на црна листа на САД и замрзнување на имотот на сите оние кои работат против спроведувањето и почитувањето на Договорот од Преспа.

Средбата ја потврди и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, но во нивното соопштение воопшто не се спомнува овој момент, туку се вели дека Мицкоски ја информирал амбасадорската за корупцијата во земјава, како и дека резолуцијата за спорот со Бугарија е неопходна во насока на заштита на идентитетот и јазикот.