Одговорните, државотворни политики на СДСМ се препознаени од граѓаните и тоа е потврдено со бројни испитувања на јавното мислење од релевантни агенции, велат од СДСМ кои објавија резултати од анкета.

Од владејачката партија велат дека една од нив е и анкетата изработена од агенцијата Брима каде се потврдува дека СДСМ е со најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

Според оваа анкета, претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.