-Зоран Заев и СДСМ во општина Бутел го кандидираа најлошиот нивни избор. Велимир Смилевски е човекот кој четири години буквално ги преспа како градоначалник во општината. Со каков образ пак ќе бара мандат од бутелчани?, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој притоа додава:

-Се што ветија Велимир Смилевски и Зоран Заев во 2017 година се излажаа на најдрзок начин и од целата програма која што ја ветија не исполнија ниту 1% од ветеното. Значи 0% реализација на она што го ветија во 2017 година. Четири години фрлени во вода без никаков напредок, порача Арсовски.

Велимир Смилевски е кандидиран од СДСМ за втор мандат за градоначалник во Општина Бутел, на локалните избори кои треба да се одржат кон крајот на октомври. Засега се уште не е познато името на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.