Рим, 13 јули 2021 (МИА) – Италијанската Влада им забрани денеска на крузерите да пловат низ Венеција, изјави министерот за култура Дарио Франческини, додавајќи дека ова е „историски ден“.
Министерот потврди дека од следниот месец бродовите ќе бидат пренасочени кон блиското индустриско пристаниште Маргера.
– Нема да помине многу време кога овој ден ќе се нарече историски, бидејќи по долго чекање од 1 август, големите бродови повеќе нема да минуваат покрај „Свети Марко“ или да пловат низ Големиот канал, изјави министерот.
Франческини додаде дека на бродовите ќе им се исплати компензација поради забраната и ќе им се помогне околу трошоците за привремено закотвување во Маргера.