Од вчера започна теренската вакцинација низ селата низ Македонија. Мобилни екипи составени од лекари и медицински сестри вршат имунизација на населението на терен, претежно на постари лица, кои поради здравствени или други причини не се во состојба да дојдат до некој од вакциналните пунктови.

Па, така во Берово една постара жена беше вакцинирана во тракторска приколица. Фотографијата е објавена на официјалниот фејсбук профил на министерот Филипче, кој напиша и објаснување дека постарата госпоѓа била неподвижна и била симната од селото со трактор.