Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев даде свој коментар по провокациите од Слави Трифонов, кој претендира да биде иден премиер на Бугарија и не нарече „северномакедонци“. Ист случај е со Бојко Борисов кој на партискиот брифинг употребуваше „северномакедонци“.

-Ние сме Македонци и секој друг назив повредува. Така е и со нашите браќа, кои се Бугари и очекувам да се корегираат во ваквите изјави. На сите ни е должност да градиме пријателство и нашите односи да бидат најдобри, истакна Заев.