Наместо менување на ДУП-от за парк наместо облакодери тука во центарот на Скопје, наместо ветуваниот парк, СДСМ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски продадоа дополнителни над 9 000 м2 за дооформување на градежна парцела за облакодерите, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што обвинува тој, првичниот плац за облакодерите беше 4.000 квадратни метри, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13 000 метри квадратни!

-На 4 000 метри површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ и нивниот ресорен министер Сугарески, допродадоа државно земјиште за дооформување на парцелата и го шири градежниот имот на над 13 000 метри квадратни за нови облакодери во центарот на Скопје. Што е ова ако не е лага? Што е ова ако не е изигрувања на очекувањата? Што е ова ако не е недостаток на морал? Што е ова ако не е тешка лага? Што е ова ако не изигрување на дадениот збор? СДСМ ИЗЛАЖА за парк наместо облакодери во Центар, до толку што 4 000 метри квадратни ги направија 13 000 метри квадратни, вели Стоилковски.