Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19. Половина од нив во Тетово. Регистрирани сe 7 оздравени пациенти. Добра вест е тоа што во изминатото деноноќие не е регистриран смртен случај. Бројот на активни случаи во нашата држава изнесува 197.