Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе заседава собраниската Комисија за финансирање и буџет која ќе расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во второ читање.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции, додека вкупните расходи се на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.