Тим од Клиниката за детски болести од Скопје денеска во Гевгелија заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле педесеттина деца и бебиња. Тествоите за Ковид-19 кај децата биле негативни, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, во изминатиот месец 50-тина деца и бебиња биле хоспитализирани во болницата во Гевгелија со рерпираторни проблеми. Причините за оваа појава се уште не се познати, а како што информираат надлежните, освен во Гевгелија, во други градови вакво нешто не е регистрирано.