Предлог-законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад од пакување, обележани со европско знаменце, како дел од европските директиви, биле симнати од дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците/Алтернатива, со поддршка од ЛДП, која е дел од парламентарното мнозинство, практично ги надгласале пратениците на СДСМ и на ДУИ, обезбедувајќи еден глас повеќе за симнување на двата закона од дневен ред, а по барање на еколошки организации.