Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е пет граѓани.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Република Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Република Босна и Херцеговина.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ја добиле вакцината на Фајзер.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.