Министерството за здравство ја информира јавноста дека од утре, 3 јуни 2021 година, заклучно со 10 јули 2021 година ќе биде во функција веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.
Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.
Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата.
На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат.
Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.