Германската компанија Кјуревак објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е 48 проценти ефикасна во финалната анализа на клиничкото испитување, што е само за еден отсто повеќе од прелиминарните резултати пред две недели.
Додека ефективноста во спречувањето на симптоматска болест е 53 проценти, кога ќе се исклучат учесниците во студијата постари од 60 години односно возрасната група најтешко погодена од пандемијата. Кај лицата под 60 година ефективноста е 77 проценти, ако се земаат предвид само умерени до тешки симптоми и се исклучуваат лесни форми на болеста.
Во истражувањето учествуваа околу 40.000 волонтери во Европа и Јужна Америка.