Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер утре ќе престојува во Тирана, јави агенцијата Балкан веб.
Високиот амеркански функционер ќе се сретне со премиерот Еди Рама и со лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша. Средбата со Баша ќе биде во седиштето на партијата.
На средбите ќе се „разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес“.
Според агенцијата, Рикер во Албанија ќе допатува од Италија а на први јули ќе пристигне во Охрид, Северна Македонија.
-Тој во Охрид, ќе присуствува на конференцијата „Патот до Преспа„ ( Road to Prespa), за да ја истакне поддршката на САД за продолжен дијалог и соработка кон стабилноста и прогресот во регионот.
Ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, наведува агенцијата.