Поранешниот претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски учествуваше на форум во Сраево „Западен Балкан-Патот напред“. Неговиот говор беше поврзан секако за нашата држава и патот кон ЕУ. Како што вели тој, прво беше проблем Грција, а сега е Бугарија.

-Она што Бугарија не можела да го оствари со оружје во Втората светска војна, сега се обидува да го направи со вето во Европската Унија (ЕУ), изјави меѓудругото Црвенковски на форумот во Сараево.