Над 10 милиони Австралијци добија наредба да останат дома поради ширењето на коронавирусот, а Бризбејн стана четвртиот поголем град во кој е наредено тридневно затворање, откако претходните денови ограничувања беа воведени во Сиднеј, Перт и Дарвин.

Advertisements

„Ова се тешки одлуки. Воведовме блокади во големите градови затоа што повратниците од странство го носат вирусот тука”, рече премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, откако Австралија регистрираше 23 случаи на инфекција во претходните 24 часа.

Прикажи повеќе