Околу 200 млади дебарчани денеска  за само два часа го чистеа брегот на Дебарското езеро од смет кој таму пристигнува преку водите на реките Радика и Црн Дрим.

Во текот на акцијата тие го исчистија големиот пластичен смет како и ситни дрвца таложени покрај езерото.

Во еконолошка акција учествуваа и вработените во ЈКП ,,Стандард,, кои со нивната механизација помогна побрзо да се собере сметот.