Цените на горивата нема да покачат од први јули поради воведување на еколошката такса затоа што опозициската ВМРО-ДПМНЕ вети дека со сите средства ќе го блокира тоа во Собрание.
Иако се предложени да се усвојат по скратена постапка, измените на Законот за животна средина нема шанси да се усвојат утре за да може потоа да се објават во Службен весник и да стапат во сила.
Владеачкото мнозиство утре на координацијата кај спикерот Талат Џафери ќе се обиде да ја убеди опизицијата да не го блокира поскапувањето на горивата.
Денеска и владата повика да надвладее разумот за доброто на граѓаните затоа што сите актери треба да се откажат од деструктивни акции. Тие тврдат дека висината на еколошката такса се разликува во зависност од дериватите.
„Тие што најмногу загадуваат најмногу треба да платат, за загадувањето да биде неисплатливо“, велат од Владата.