Министерот за надворешни работи, Бујар Османи очекува во септември да се постигне договор со Софија заснован на протугалскиот предлог и за време на словенечкото претседавање.

„Во писмото стои дека сите предлози коишто се дадени се прифатливи затоа што кога барате да Северна Македонија да ги реализира обврските, тоа значи дека вие се согласувате дека тоа е решение“, вели Османи жалејќи што бугарската реакција доаѓа после самитот на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е загрижена што премиерот Зоран Заев не ги негира барањата на Бугарија.

„Заев вика дека ќе продолжел да моли во Софија, што значи дека тој сега моли да му го прифатат тоа што го говорел таму.“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.