Здружението на граѓани “Оревче” од Пештани денеска организираше протест под мотото Правда за Градиште барајќи да им се вратат одземените имоти во процесот на денационализација. Околу 100 налседници од 36 демејства што во Градиште поседувале имат, се жалат дека имотите им се обештетени со многу ниски цени од 200 денари по квадратен метар, за кои се тужат повеќе од 20 години. Тие тврдат дека се спремни да ги вратат парите назад на државата само да го вратат имотот, кој им е платен како земјоделско земјиште. Во неколку наврати добиле пресуди од Управен суд во нивна корист, но сеуште не можат да ги остварат нивните права.

Фирмата која стопанисува со автокампот Градиште тврди дека работи легално , а поранешните сопственици ги упатуваат нивните права да ги решат преку институциите. Се заканија дека поради нанесената репутациска и материјална штетата размислуваат да поднесат пријава против учесниците на протестот.