Сведочиме на продолжен тренд од несоодветни и неквалитетно планирани политики на Владата предводена од СДСМ и ДУИ, рече денеска Тимчо Муцунски, пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението меѓудругото се додава:

Во однос на овој Предлог закон ставот на академската заедница, стопанските комори и граѓаните е едногласен, а нивниот заклучок и јасна порака е дека станува збор за погрешна мерка во погрешно време.

Имајќи го предвид кажаното, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст и јасен: Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми и ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци.