Министерот за здравство Венко Филипче, на Фејсбук се заблагодари на дел од дарителите на ковалесцентна плазма во време на пандемијата.

„Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата. На Институтот за трансфузиологија од вкупно 1637 оздравени пациенти, се обезбедија 1732 единици на ковалесцентна плазма за третман на пациентите со најтешка форма на болеста. Во рамките на ковид центрите, вкупно 1431 пациенти се третирани со ковалесцентна плазма на територијата на целата држава. Чест ми е што денеска имав можност да се сретнам со неколкумина од нив и лично да им изразам почит за нивната хуманост.“, напиша Филипче.