Летот на компанијата „Рајанер“ од Тулуз кон Мароко замина петнаесет минути порано, но без да ги земе сите патници, кои биле на време на аеродромот, јави дописникот на МИА.
Патниците кои пристигнале навреме на аеродромот, но не полетаа, сепак беа на време за полетување, закажано за 7:25 часот. Но, кога пристигнале на терминалот за поаѓање, тие биле лошо изненадени кога откриле дека авионот веќе заминал, петнаесет минути порано.
Службата за клиенти на компанијата „Рајанер“, соопшти дека ќе се спроведе постапка за враќање на парите на патниците кои не беа во можност да полетаат, но, не им беше понудено решение да заминат за Мароко.