Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека до крајот на месецот во земјата ќе пристигнат 600.000 вакцини.

Филипче потврди дека има случаи на индискиот сој на грипот, но смирува дека вакцините штитиат од тешки и смртни последици.

„Индискиот сој или некоја друг форма на мутација што може да биде позаразна од сегашните постои насекаде. Она што е многу битно, букфално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот“, вели Филипче.