Првичните податоци од пребројувањето на гласачките ливчиња покажуваат дека Ебрахим Раиси е новиот претседател на Иран со освоени 62 отсто од гласовите на избирачите. Актуелниот умерен шеф на државата Хасан Рохани претходно изјави дека веќе има победник, без да го именува Раиси.

Advertisements

– Им честитам на луѓето за нивниот избор. Моите официјални честитки ќе дојдат подоцна, но ние знаеме кој доби доволно гласови на овие избори и кој е избран, истакна Рохани.

Останатите двајца ултра-конзервативни кандидата, Мохсен Резаи и Амирхосеин Газизаде-Хашеми, исто така, му честитаа на Раиси.

Прикажи повеќе