Агенцијата за лекови и здравствени производи на Белгија објави денеска дека четири од смртните случаи од почетокот на кампањата на вакцинација се сметаат за поврзани за неа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Од овие четири случаи, три се АстраЗенека, еден е Џонсон и Џонсон. Вкупно до сега над пет милиони Белгијци се вакцинирани со најмалку една доза.
Пријавени се 19.015 нус појави, од кои 6008 се регистрирани во европската база на податоци за фармаковигилентност. Најчесто станува збор за покачена температура и болки во мускулите, кои брзо исчезнуваат.
Од вкупниот број пријавени нус ефекти, белгиската агенција смета дека 4072 случаи се сериозни.
Смртни случаи вкупно има 163, но за 159 не може да се воспостави поврзаност со вакцината.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.