На 12.06.2021 во 02.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле приведени Р.Х.(32) и Х.Ц.(61), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик. На 11.06.2021 околу 23.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, додека П.С.(33) бил со И.Џ.(40), и двајцата од Скопје, Р.Х. со тврд предмет го нападнала П.С., а Х.Ц. со пиштол упатил закани кон П.С. и И.Џ.. Од страна на полициски службеници од Х.Ц. со потврда бил одземен пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм. и една рамка со девет куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.