Копретседавачот од бугарска страна даде изјава во бугарското МНР, откако денеска заврши дводневниот состанок на мешовитата историска комисија.

„Досега бев убеден дека сме мешовит комитет за историски и образовни прашања, но од денешниот 14. состанок по ред почнувам да се прашувам дали е тоа навистина така“, изјави денеска бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и С Македонија, Ангел Димитров, во изјава за медиумите во бугарското Министерството за надворешни работи, а по дводневниот состанок на Комисијата, јави бугарската новинска агенција „Фокус“.

„Вчера нашите колеги категорично одбија да разговараат за конкретна историска тема. Нешто што не е само типично, туку и неизбежно за професионалните историчари“, рече Димитров.

Од македонскиот тим во историската комисија најавија соопштение по денешниот состанок.

Димитров рече дека ќе има нова 15. средба во октомври и додава дека летните месеци, сепак, ќе отворат можност за премостување на разликите.