Мини Шенген“ е голема работа за регионот, а идејата за „Голема Албанија“ е глупост сама по себе, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју објавено денес за „Еуроњуз Србија“.

Запрашан за мислење за најавата на Приштина дека ќе покрене тужба за геноцид против Србија, албанскиот премиер не одговори директно, велејќи дека станува збор за многу комплицирано прашање од аспект на правната содржина и дека неговата позиција е да се концентрира на решавање на конфликтот и иднината

Тој особено истакна дека некои одлуки не треба да се носат само затоа што некој мисли така, „но тие мора да бидат донесени со консултации и слушање на она што го кажуваат и партнерите и сојузниците“.

„Досега не сум чул некој да ја поддржува таа идеја“, додаде Рама.

Според него, „Голема Албанија“ никогаш не постоела во албанскиот јазик, учебниците, но тоа е термин што потекнува надвор од Албанија и тој е „глупост само по себе“.

„Да, но и Голема Србија е нешто што секогаш се споменуваше. Но, идејата за обединување во рамките на Европската унија е идеја што ги надминува етничките поделби“, додаде Рама.

Тој признава дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е многу тешко прашање.

Тој повтори дека српското признавање на Косово е „нешто што доцни“ и дека не е во интерес на Србија и српскиот народ да ја продолжи оваа ситуација „во која тие, на некој начин, прифатија дух од кој не можат да се ослободат“.

На прашањето дали разбира што им значи Косово на Србите, тој рече дека тоа е „само митологија“.