Организацијата со седиште во Њујорк, која на својата интернет страница истакнува дека сака „да ја осуди злоупотребата на власта и издавањето на довербата на јавноста“, тврди дека сопственикот на Амазон Џеф Безос во 2007 и во 2011 не платил ниеден сојузен данок, а Илон Маск, шефот на Тесла, не го платил во 2018.
Безос и Маск се меѓу тројцата најбогати луѓе во светот.
Претприемачот и политичар Мајкл Блумберг, но и бизнисменот Карл Икан, исто така избегнале плаќање на сите сојузни даноци во некои години, се додава во извештајот.
Организацијата дошла до тие заклучоци откако прегледала илјадници даночни пријави на богатите Американци во изминатите петнаесет години.