Аналитичарот Петар Арсовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека се очекувала долго промената во наративот на ДУИ.

„ДУИ очигледно се обидува да направи некакво ребрендирање со модернизација на нивната политичка агенда, така и ја нарекуваат зелена агенда. Не е голема тајна која е промената на наративот бидејќи тоа Ахмети сам го најави на промоцијата. Таа промена во наративот, односно програмска промена се очекуваше од ДУИ долго време“, посочи Арсовски.

Арсовски како ПР експерт вели дека ребрендирање се применува тогаш кога сакаме нешто да оставиме зад себе.