„Албанија не зазема страна, ги поддржуваме Бугарија и РС Македонија да најдат решение на меѓусебниот проблем“, изјави албанскиот премиер Еди Рама, одговарајќи на прашање на БГНЕС, дали Албанија ја поддржува Бугарија во нејзиното барање на гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство.

„Никој не треба да и завидува на позицијата на Албанија, бидејќи се наоѓаме помеѓу две пријателски земји, но се наоѓаме во стапица заради причини со кои не сме поврзани“, изјави Рама.

„Ако е неопходно сме подготвени да помогнеме, но нашата помош ќе се состои во тоа да кажеме: Комуницирајте, зборувајте, најдете начин. Ако нема директна комуникација, ако нема директни разговори, ако нема заедничка волја да се решат проблемите лице во лице, не може да има решение. Истото не може да дојде и преку трети земји. ЕУ прави големи напори, но на крајот од денот се зависи од Бугарите и Северна Македонија кои што треба да се справат со проблемот. Токму затоа не заземам страна, нема потреба од мене, за да не се комплицираат работите уште повеќе“, изјави Рама.