Во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски требало да биде поактивен во решавањето на спорот со Бугарија.

Мицкоски денес излезе со контра-одговор.

„Интересно е да се слуша Ахмети кога на тие години и со таа седа коса се препелка јавно и говори невистина. Како можам јас да се вклучам во нешто, за кое што немам можност“.

Тој вели дека никој до сега не го информирал за што се преговара со бугарската влада, но тврди дека ќе се случи како што вели, бугаризација на македонскиот народ.