Во интервју во „Click Plus“ на ТВ21, Али Ахмети кажа дека ДУИ и Владата работат на проекти како што се гасификацијата, енергетиката и инфраструктурата.
Ахмети кажа дека Коридорот 8 е многу важен за сите граѓани, и очекува поддршка и од опозицијата.
„Време е за конкретни проекти. Работиме силно и фокусирани сме на гасификацијата, енергетиката и инфраструктурата. Тоа го има и во програмата на ДУИ, но и во програмата на Владата. Гасификацијата е клучен приоритет. Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со силно темпо, уште малку ќе стигнеме во Гостивар. Тоа е важен проект кој носи голем бенефит како за граѓаните, така и компаниите. Потоа, изградба на сончеви панели. Исто така, работиме силно да се изгласа Законот за изградба на автопатот како дел од Коридорот 8. Очекуваме поддршка и од опозицијата. Ако не го гласаат, барем да не го блокираат. Коридорот 8 е важен за сите граѓани“, изјави Ахмети.