Ако Северна Македонија ги почне преговорите со Европската унија ќе има поголем притисок да ги спроведе клучни реформи, но обврска на земјата апсирант ќе биде да ја заврши најголемиот дел од работата, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика, во интервју за порталот Zoom.mk во врска со можноста во јуни да почнеме преговори со ЕУ.

„Јас сум убедена дека никој од надвор нема да ја заврши работата за вас. Може да создаде притисок, може да ви даде помош, може да ви даде најдобри примери, но вие сте тие што морате да имате и визија, и методологија и начин на спроведување и следење. На крајот на краиштата треба да влезете во ЕУ како рамноправна членка, а не како привезок“, тврди Јорданова.

Јоданова смета дека почетокот на преговори е клучен дел од процесот затоа што ако не се почне, не може ни да се заврши.

„Усвојување на правото на ЕУ е пошироко од правото. Тоа се политики, треба се да прифататите, не само нормалтивно, туку како ќе го извршите тоа право. Специфично е, на преден план е владеењето на правото, помалку директиви, повеќе стандарди и е покомплицирано од само од транспонирање на правото“, оценува таа.

Според неа, земјата ги исполнува условите за почеток на преговорите поставени од Советот на ЕУ, но во исто време треба да покаже и демократски капацитет дека ги почитуваме демократските вредности.
„Единствен проблем е што поради сите овие блокади некако влезе во некоја секојдневна практика, без обновување, без доволно ентузиазам или визија во тоа како да се прилагодиме кон тоа што ново дојде во ЕУ“, предупредува Јорданова.

Во врска со влијанието на аферите врз интеграцискиот процес, таа вели дека афери има секаде, но побитно е прашањето како се справувате со нив.

Ако не почнеме преговори постои опасност да се изолираме, а се праќа лоша порака и до инвестититорите.

„Поголем проблем е како вие се справувате со тоа. Ако се справувате на еден зрел начин, негативните ефекти можат да се намалат, ако одиме со тоа ако не почнеме преговори пропаднавме, ефектите ќе бидат полоши“, предвидува Јорданова./Zoom.mk