Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета на општина Ѓорче Петров, рече дека очекува убедлива победа во Ѓорче Петров, нагласувајќи дека ќе понудат програма со која ќе создадат модерна општина.

-Oчекуваме убедлива победа во општина Ѓорче Петров со кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме визија да понудиме тука програма за општината која што ќе значи една модерна општина, една општина во која што ќе се реализираат ветувањата и општина која што ќе е пријатно место за живеење на тие кои што живеат тука и кој што сакаат да дојдат да живеат во Ѓорче Петров, а тоа ќе значи и еден голем придонес во победата за градоначалник на Град Скопје, вели Николоски.

Потпретседателот Николоски истакна дека особено е мотивиран за победа во Град Скопје по денешната најава на Зоран Заев дека главен фаворит на СДСМ за локалните избори е Петре Шилегов, односно како што рече тој ова е добра вест затоа што Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник кој што било кога функционирал на ниво на Град Скопје.

-Особено сме мотивирани за победа во Град Скопје и после денешната најава на Зоран Заев дека фаворит на СДСМ за изборите на градоначалник на Скопје е Петре Шилегов. За нас е тоа добра вест  затоа што тој е убедливо најнепосбниот градоначалник кој што  било кога функционирал на ниво на Град Скопје и со задоволство ќе понудиме многу подобра програма и многу подобар кандидат кој што ќе однесат победа на изборите за градоначалник на Скопје и да може градот да се развива во права насока