Од понеделник во Грција стапува на сила обврска да се спроведе задолжителен влезен тест за лица постари од 6 години.

Туристите ќе можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа или сертификат за вакцинација.

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас информираше дека одлуката ќе стапи на сила на 7 јуни, пренесуваат грчките медиуми.

Сите оние кои се позитивно тестирани на границата ќе треба да бидат ставени во карантин од 10 дена.

Ќе бидат дозволени туристички тури на групи од по 20 лица на отворено. Условите за влез во Грција се менуваат

Списокот со услови за влез во Грција е следен:

1) Пополнет формулар PLF

Овој формулар може да се најде на страница travel.gov.gr

2) Доказ за имунизација

Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во Македонија, со услов дека последната доза мора да се прими најмалку 14 дена пред пристигнувањето.

Ако не сте биле вакцинирани, мора да направите негативен PCR-тест не постар од 72 часа. И, ако сте имале коронавирус, треба да обезбедите доказ дека сте боледувале од ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен PCR или антигенски тест со кој ви е дијагностициран вирусот.