Пејачката Лејди Гага, во соработка со модниот бренд Версаче, ја слави десетгодишнината од нејзиниот албум „Born This Way“. Имено, Гага понуди и лимитирано издание на колекција на облека со споменатата марка.
Пејачката ја објави оваа вест на својот инстаграм – профил само неколку дена откако објави повторно издавање на албумот, пишува „Дејли меил“.
Триесет проценти од приходите од продажба одат во фондацијата „Gaga Born This Way“, а целта на модната линија е поддршка на ЛГБТИ заедницата.
„Версаче отсекогаш бил лидер. Џани, Донатела, Алегра секогаш ги славеле убавите бои на љубовта што ги носиме во нас и ги споделуваме со другите. Сите сме различни, но различното е убаво. Ти благодарам Донатела за поддршката на ЛГБТК + менталната здравствена заедница и 10-годишнината од Born This Way“, стои во објавата на Гага.
Претходно, Гага ја потенцира својата наклонетост кон овој моден бренд, на пример беше облечена во облека на Версаче на Супер Боул во 2017 година и во рекламите за колекцијата пролет 2014 година, но исто така и посвети песна на Донатела.
Првиот дел од колекцијата се состои од специјално дизајнирана маичка и беретка во бои на виножитото со карактеристичното лого на Версаче – Медуза.