Од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и во ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април годинава, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, јавува Министерството за здравство.

Од министерството јавуваат дека се опфатени повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози, кои биле одредени како ризични од страна на универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и други заболувања и состојби.