Веста за новото истражување во кое научниците го продолжија животниот век на лабораториските глувци за 23 проценти со помош на специјални протеини, беше дочекана со големо воодушевување. Па многумина веднаш си го поставуваат прашањето дали истото ќе функционира и кај луѓето.

Израелски научници го зголемиле внесот на протеинот „SIRT6“ на 250 глувци, кој „ја контролира брзината на здраво стареење“, но обично опаѓа во текот на целиот живот.

unsplash

Очекуваниот животен век на глувците не само што се зголемил за 23 проценти, туку тие биле и по витални и помалку подложни на рак во споредба со обичните глувци, се вели во трудот објавен во списанието „Nature Communications“.

Промените што ги видовме кај глувците може да се применат и кај луѓето, и тоа би било многу возбудливо“, истакна проф. Хаим Коен од Универзитетот Бар-Илан, кој го водеше истражувањето, за „Times of Israel“.

Кога луѓето би примиле еквивалент од истиот протеин, нивниот просечен животен век може да се продолжи до скоро 120 години, вели професорот Коен.

pexels

Во 2019 година, пред пандемијата на ковид-19, Обединетите нации проценија дека просечниот животен век е 72,6 години, пренесува „Russia Today“.

Лабораторијата на Коен во моментов бара начини за безбедно зголемување на нивото на протеинот „SIRT6“ кај луѓето. Глувците се генетски модифицирани, но на луѓето ќе им требаат лекови за да го постигнат истиот ефект.

Развиваме мали молекули кои можат да го зголемат нивото на „SIRT6“ или да ги направат постоечките количини на протеини поактивни“, вели научникот додавајќи дека очекува конкретни резултати за две или три години.

unsplash

Коен веќе подолго време работи на ова прашање и веќе извести за 15 проценти зголемување на животниот век на глувците во 2012 година. Сепак, неговото откритие тогаш беше спроведено само на машки глодари.

Новата студија, направена во соработка со меѓународни научници, вклучително и проф. Рафаел де Каба од американскиот Национален институт за здравство, забележа големо подобрување. Машките животни живееле 30 проценти подолго, додека женскиот животен век исто така се зголемил за 15 проценти.